ВУЧИЌ ЈА ОТКАЖА ГЕЈ-ПАРАДАТА ВО БЕЛГРАД Актуелната политичка ситуација во Србија не дозволувала такво „чудо“

Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, но не можеме во овој момент, кога го имаме Отворениот Балкан и кризата на Косово, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

649

Одржувањето на Парадата на гордоста во Белград се откажува, односно се одложува. Ова на денешната прес-конференција го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој додаде дека моменталните услови не дозволуваат такво нешто.

– Парадата на гордоста, што беше закажана за месец септември, ќе биде одложена или откажана, како сакате. Или како и да се вика тоа чудо, не е ни важно – изјави денеска Вучиќ и додаде дека премиерот и членовите на Владата „сѐ ќе објаснат согласно законот“.






Тој посочи дека Европрајд не може да се одржи поради „актуелната политичка ситуација во Србија“.

– Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, но не можеме во овој момент, кога го имаме Отворениот Балкан и кризата на Косово – рече Вучиќ.

Поврзани содржини