📷 ВУЧИЌ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА НА ГЛИШИЌ ПО МОЗОЧНИОТ УДАР Операцијата била екстремно сложена, сѐ можело да тргне наопаку
Дарко нескршлив, напиша претседателот Александар Вучиќ во описот на заедничка фотографија на која му ја држи раката на Глишиќ, додека министерот позира од болничкиот кревет со другата рака крената во воздух.
Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети во болница својот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, кој пред неколку дена доживеа мозочен удар во живо, за време на телевизиско гостување, објави хрватски Нет.
„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во описот на заедничка фотографија на која му ја држи раката на Глишиќ, додека министерот позира од болничкиот кревет со другата рака крената во воздух.
Вучиќ потврди дека здравствената состојба на министерот и негов кум се подобрува по операцијата.
„Дарко е добро, многу подобро одошто пред ден и половина и зборува. Сѐ уште не е сосема нормално, но прекрасно е што зборува и што ги поместува десната рака и нога, што е голема промена“, изјави Вучиќ за телевизија Прва.
Глишиќ бил примен во тешка состојба
Глишиќ во вторникот беше гостин во утринската програма на телевизија Пинк кога одненадеж му се слоши, почна тешко и неразбирливо да зборува, а на повторените прашања од водителот веќе не можеше да изговори ниеден збор.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, потврди дека Глишиќ бил примен во болница во тешка состојба и без свест. По операцијата бил сместен на интензивна нега и некое време бил на респиратор.
Операцијата била сложена
– Операцијата траеше подолго од вообичаеното за такви интервенции. Стануваше збор за исклучително комплицирана операција, работеа повеќе тимови бидејќи не стануваше збор само за една крвна жила, туку за две – со комбинација од тромб и од крвавење – изјави Лончар.
Дарко Глишиќ е висок функционер на владејачката Српска напредна странка и близок соработник и кум на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во српската влада го води ресорот од мај 2024 година, а на истата функција беше именуван и во новиот состав на владата во 2025 година.
Од самото основање е член на Српската напредна странка, а во 2016 година е избран за претседател на Извршниот одбор на СНС.
View this post on Instagram