ВУЈОВИЌ СИ ЗАМИНА ОД НЕКСЕ Легендарниот ракометен тренер го раскина договорот со хрватскиот клуб
Веселин Вујовиќ на клупата на Нексе беше само два месеци, а во меѓувреме заработи и суспензија од хрватскиот ракометен сојуз по инцидентот на натпреварот со Загреб.
Веслеин Вујовиќ повеќе не е тренер на хрватски Нексе. Легендарниот ракоеметнстратегпо само два месеци поминати на клупата го раскина договорот со клубот од Нашице. На овој потег се одлучи по ремито со Пореч, кога, како што нагласи, сфатил дека не успеал да го подигне тимот.
„Раководството на РК Нексе и тренерот Веселин Вујовиќ денеска донесоа одлука за раскинување на соработката. Целта за која беше доведен во клубот не беше остварена, а саботниот натпревар против Пореч беше капката што ја прели чашата. Тимот и понатаму ќе го води досегашниот помошник тренер Крешо Иванковиќ, а помошник ќе му биде Албин Етер“ – објавија хрватскиот клуб.
На тренингот тренерот Веселин Вујовиќ се поздравил играчите и членовите на стручниот штаб и во изјава за клупскиот сајт ја прокоментирал одлуката за прекин на соработката.
– Очигледно шок-терапијата не успеа да го раздрма тимот, прво со отказот на тренерот Бранко Тамше, а потоа и јас не успеав да го разбудам тимот како што знам за ова кратко време. Оваа одлука ја донесов по натпреварот против Пореч, кој моравме да го добиеме и покрај проблемите со повредите, по што изјавив дека се срамам и дека повеќе би сакал да исчезнам и мислам дека моралниот чин од моја страна беше да понудам моја оставка. Брзо се согласивме дека ова е најдобрата опција за РК Нексе во овој момент. Против мене се води и дисциплинска постапка од страна на Хрватскиот ракометен сојуз и многу извесно е дека ќе добијам казна од неколку натпревари кои не би можел да ги водам – истакна Вујовиќ.
Вујовиќ беше казнет од Хрватскиот ракометен сојуз со тримесечна забрана за водење тимови поради инцидент на мечот Нексе – Загреб, кој беше прекинат кога локалниот ракометар Марко Безјак со рамото ја удри во грбот делегатката на натпреварот Анта Јосиќ, на која потоа и била укажана лекарска помош. Поради ова, Безјак доби едногодишна забрана за настап.