Поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ периодот го минува на брегот на реката Сава, каде што има можност полициските часови да ги минува на отворено, пишува порталот Спорт1.
Според легендарниот ракометар и тренер, многу работи околу пандемијата не му изгледаат логични.
– Размислувам многу и нешто не ми е логично во целава работа. Се бројат заразените и мртвите од короната, а починати има помалку него во истото време минатата година. На светско ниво има повеќе починати од обичен грип отколку од ковид-19. Што тогаш се случува? Кој со што си игра, најверојатно никогаш нема да дознаеме. Ептен сум збунет. Гледам луѓе како остануваат на улица, без работа. Можеби за неколку месеци ќе заборавиме сѐ, ама светот повторно нема да биде ист, во тоа сум сигурен – вели Вујовиќ.