Вујовиќ го нападна Вучиќ: Ало, бре, не управуваш ти со мојот живот!
Кога поминаа изборите народот е обвинет за ескалацијата на коронавирусот. Епа, јас ќе бидам првиот кој нема да прифати нови полициски часови и карантини, порача Вујовиќ.
Оној ден кога претседателот Вучиќ најави повторно карантин и полициски час јас „пукнав и си кажав: Ало, бре не управуваш ти со мојот живот, реагира познатиот ракометен тренер Веселин Вујовиќ кој упати критики на адреса на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Ако Вучиќ воведе диктатура ќе биде казнет од граѓаните. Бараше од мене да држам социјална дистанца – држев, од четврток до понеделник не излегував од дома. Ги почитував правилата, полицијата не ми даваше да отидам до викендицата по лекови, а истовремено некои сомнителни ликови имаа дозвола да се шетаат низ градот.Тогаш наеднаш се укина полицискиот час и сите превентивни мерки. Кога поминаа изборите народот е обвинет за ескалацијата на коронавирусот. Е па, јас ќе бидам првиот кој нема да прифати нови полициски часови и карантини – порача Вујовиќ.