ВТОРО ПОСКАПУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ ЗА ДВА ДЕНА Не се менуваат цените на останатите горива

Регулаторната комисија го објасни поскапувањето на дизелот со зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

567

Регулаторната комисија за енергетика денска ја зголеми цента на дизелот за уште 2 денари по литар во однос на вчерашното зголемување на цената на ова гориво. Цените на останатите горива не се менуваат.

– Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% – велат од Регулаторната комисија.






Според одлуката, малопродажната цена на дизелот од полноќ изнесува  72,00 денари по литар.

Цената на бензинот от типот „еуросупер-95“ останува на износ од 76 денари по литар, а на бензинот „еуросупер-98“ и натаму ќе изнесува  78 денари по литар.

Остануваат вчерашните цени на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) која изнесува 70 денари по литар и на  Мазутот М-1 НС која изнесува  40,928 денари по килограм.

Новото зголемување на цената на дизелот од РКЕ ја објаснуваат со фактот дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка (вчерашната) бележат зголемување кај бензините во просек за 5,314% или за 37,950 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,601% или за 32,500 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,326% или за 30,150 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,135% или за 9,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,2998 ден/$ и е за околу 0,1781% понизок од курсот на доларот (53,3949 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Поврзани содржини