ВТОРИОТ ПЛАНИНАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ Се спроведува акција за извлекување на телото

Во моментов за спроведува спасувачка акција за извлекување на телото, а во меѓувреме се очекува МВР официјално да ја потврди смртта, врз основа на лекарски наод.

521

Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, е пронајден во провалија, без знаци на живот – информира Центарот за управување со кризи. Во моментов за спроведува спасувачка акција за извлекување на телото, по што ЦУК ќе излезе со подателни информации. Во меѓувреме се очекува МВР официјално да ја потврди смртта, врз основа на лекарски наод.

– Ние како институција не можеме да ја констатираме смртта, за тоа се надлежни други служби, но пронајденото тело не дава знаци на живот. Во моментов за спроведува спасувачка акција за извлекување на телото. ЦУК ќе излезе со подателни информации – изјави директор на ЦУК Стојанче Ангелов за „Слободен печат“.






Вчера се случуваше вистинска драма на Шар Планина, во реоните околу Титов Врв и Лешница, откако планинари паднале од карпа во бездна. Откако несреќата беше пријавена на телефонскиот број за итни случаи 112, цела ноќ траеше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи и полицијата. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и првиот планинар кој извести за несреќата.

– Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титив Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв. Околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди при претражувањето на теренот. Со цел пронаоѓање и на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница. По неколку часови екипата успе да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа – информира ЦУК.

Поврзани содржини