Вториот бран дојде поранo, но големиот наплив на пациенти не е над една петина од вкупниот број на новозаразени
Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот - одговори денеска министерот Филипче.
Нема мерка којшто не е преземена, но добро изреагиравме во овој момент на овој втор бран што потекнуваше од настани што точно ги идентификувавме во епидемиолошките прашалници. Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот – одговори денеска министерот за здравство, Венко Филипче, во врса со тоа дали ја плаќаме цената на лошите стратегии во изминатиот период и има ли здравствениот систем капацитет да се справи со ситуацијата.
Министерот тврди дека апсолутно мерките беа носени врз основа на анализите во секој момент навреме и беа согласно сите препораки и критериуми на Светската здравствена организација.
– Бевме прилично сигурно дека рано и на време сме интервенирале во идентификација на контактите и тестирање на контактите на заболените со најголем ризик, со цел да имаме чиста слика во овој момент на епидемиолошката состојба, за да не не изненади голем наплив на пациенти во одреден момент што сега го имаме и број не надминува 20 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани. Точно знаеме со што располагаме и спремни сме да интервенираме, дури и да имаме повеќе пациенти. И ние , а и ниту една земја во светот не се соочила со ваква криза и сметам добро изреагиравме и таа добро се менаџира – нагласи Филипче.
Тој појасни дека тоа што го анализирале, а било невообичаено како кај нас се случува, а не во околните земји, еден пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, посебно имајќи ги во вид сличните карактеристики во сите земји во регионот, истите идентични воведени мерки во идентичен тајминг.
– Истиот тренд на зголемен број случаи се јавува и во регионот, го има насекаде во сите околни земји веќе со сериозен број новодијагностицирани, што ни укажа на тоа дека навреме сме интервенирале и дека треба да продолжиме со оваа стратегија – рече Филипче и најаи интензивно анкетирање на терен, откривање на контактите, нивно тестирање, за да може да предвидиме што ќе се случи.
Во однос на капацитетите, тој рече дека тие се подготвени – има доволен број кревети и медицинска опрема и сега, кога има навистина голем број пациенти, особено изминатите неколку денови. Најголем е притисокот во ГОБ „8 Септмври“ и Инфективната клиника во Скопје.