ВТОРАТА ЖРЕПКА ГО „ПОПАРИ“ ИНТЕР Наместо Ајакс, го доби Ливерпул – Меси се враќа во Шпанија (ТАБЕЛА)
Сега добивме нешто поинтересни дуели, но очигледно, најоштетен е италијанскиот шампион Интер, бидејќи во првата жрепка го доби Ајакс за противник, но сега ќе мора да игра против Ливерпул.
Интер против Ливерпул, ПСЖ против Реал Мадрид, Атлетико Мадрид против Манчестер Јунајтед. Ова се дел од натпреварите што ќе се одиграат во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако предмалку се одржа нова жрепка поради техничкиот проблем што се случи на првата жрепка.
Сега добивме нешто поинтересни дуели, но очигледно, најоштетен е италијанскиот шампион Интер, бидејќи во првата жрепка го доби Ајакс за противник, но сега ќе мора да игра против Ливерпул.
Исто така, интересен ќе биде дуелот ПСЖ-Реал Мадрид, во кој Лионел Меси повторно ќе се обиде да ја наполни мрежата на својот стар „пациент“ од Шпанија.
Првите натпревари ќе се одиграат на 15, 16, 22 и на 23 февруари, а реванш натпреварите ќе се одиграат на 8, 9, 15 и на 16 март идната година.
Лига на шампиони (2021/2022)
Осминафинале, двојки –
Салцбург – Баерн Минхен
Спортинг – Манчестер сити
Бенфика – Ајакс
Челси – Лил
Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед
Виљареал – Јувентус
Интер – Ливерпул
ПСЖ – Реал Мадрид