Втората обдукција покажа Флојд бил срцев пациент и имал коронавирус

927

Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од застој на срцето, сe наведува во извептајот на патологот д-р Ендрју Бејкер после завршената аутопсија врз телото на Афроамериканецот.

Во извештајот се вели дека вратот на Флојд бил притиснат кога полицаецот Шовин го стегнал со коленото и го држел така повеќе од осум минути, но во заклучокот тоа не се споменува како директна причина за смртта. Семејството на Флојд финансираше независна обдукција, во која се наведува „задушување од постојан притисок“ како причина за смртта.






Во новиот извештај се наведува дека Флојд имал бројни модринки и исекотини на главата, лицето, устата, рамената, рацете и нозете, но нема докази дека било која од овие повреди била фатална. Последната обдукција покажала дека Флојд бил срцев пациент и страдал од висок крвен притисок, а неодамна се тестирал позитивно на коронавирус, но без никакви индикации дека тоа има каква било улога во неговата смрт.

Првичниот извештај од токсикологија покажал умерено ниво на фентанил и метамфетамин во телото на жртвата.

Обвинението против Дерек Шовин е сменето од убиство од трет во убиство од втор степен. Полицаецот, кој му го притисна вратот на Флојд со коленото и го задави, претходно беше обвинет за убиство од небрежност а сега за убиство без умисла.

Другите тројца колеги се соочуваат со обвиненија за помагање и поттикнување убиство.

Смртта на Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност против Афроамериканците.

Објавувајќи ги новите обвиненија, јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон рече дека тие се во интерес на правдата.

– Треба да напишеме нови правила за правично општество –  рече Елисон.

Адвокатот на семејството Флојд, Бенџамин Крум, изјави за Си-Ен-Ен дека семејството верува дека обвинението против Шовин треба да биде првостепено.

Убиство од втор степен е казниво до 40 години затвор, петнаесет повеќе од убиство од трет степен.

Поврзани содржини