ВТОРАТА НАЈНАСЕЛЕНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ ОСТАНУВА БЕЗ ЈАГЛЕН Милиони луѓе во Индија во мрак, термоелектраните пред затворање
Прекинот на електричната енергија траеше речиси три часа во две провинции на северот на земјата со дури 100 милиони жители.
Индија се соочува со драматична ситуација откако делови од нејзината територија останаа без струја, бидејќи земјата беше принудена да го ограничи снабдувањето со електрична енергија поради вртоглавиот пад на резервите на јаглен во термоелектраните.
Прекинот на електричната енергија траеше речиси три часа во две провинции на северот на земјата со дури 100 милиони жители, а поголемиот дел од провинциите издадоа панични предупредувања за критичната ситуација.
Според Централната канцеларија за електрична енергија во Индија, речиси 80 отсто од државните електрани на јаглен се во критична или многу критична фаза. Ова значи дека нивните резерви може да се потрошат за помалку од пет дена, по што би следело затворање.
Во текот на последните две децении, домашното производство на јаглен во Индија продолжи да расте експоненцијално, но поради пандемијата на коронавирус, имаше помал пад на производството за помалку од еден процент во периодот од 2019 до 2020 година.