ВТОРА ЖРТВА НА ГРИПОТ ВО МАКЕДОНИЈА На Инфективна почина 69-годишен пациент

Кај пациентот, кој бил со коморбидитети, симптомите траеле пет дена пред приемот во болницата, а не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група, рече директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.

159

На Инфективна клиника вчера почина 69-годишен пациент од грип, кај кого лабораториски е потврдена инфлуенца А.

Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група.






– Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Веднаш беше третиран од страна на медицинскиот тим во одделот за интензивна нега, беше поставен на механичка вентилација, но и покрај сите преземени мерки, пациентот, за жал, почина. Треба да се напомене дека пациентот бил со повеќе коморбидитети: хронична опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија и други заболувања – изјави д-р Цана.

Пациентот е од внатрешноста на Македонија. Кај него симптомите траеле пет дена пред приемот во болницата.

На Клиниката, како што информира Цана моментно се хоспитализири околу 30 пациенти со грип. Од нив, дел се со полесна, а други со потешка клиничка слика, од кои неколку се со кислородна поддршка. Еден пациент е механичка вентилација, како потежок случај.

Ова е втора жртва сезонава со грип, откако минатата недела на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 75-годишна пациентка.

Поврзани содржини