ВТОРА НЕДЕЛА ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Доларот продолжи да расте, а акциите на азиските берзи во минус

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0298 долари.

384

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат, откако минатата недела се намалија за 10 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за  1,05 отсто, на 86,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,10 отсто, на 79,20 долари.

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми, откако минатата недела зајакна за околу 0,5 отсто.






Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,35 на 140,45 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0298 долари.

На азиските берзи цените на акциите паднаа поради новите ограничувања против ковид-19 во Кина, што доведува до дополнително забавување на растот на втората по големина економија во светот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше понизок за 1,2 отсто.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,05 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг се лизнаа меѓу 0,2 и 2,1 отсто.

Поврзани содржини