Втора недела од домашниот карантин, Том Хенкс ја информираше јавноста за неговата здравствена состојба
Познатиот актер Том Хенкс, кој со својата сопруга Рита Вилсон помина две недели во карантин во Австралија откако беше потврдено дека и двајцата се позитивни на ковид-19, им се обрати на сите преку својот твитер-профил.
Хенкс и неговата сопруга се заразија со коронавирусот за време на снимање на в биографски филм за Елвис Присли во Австралија.
Тој истакна дека се чувствува подобро, а воедно и апелираше сите да останат во своите домови за да се спречи ширењето на заразата.
„Еј, луѓе! Две недели по првите симптоми се чувствуваме многу подобро. Карантинот е место во кое сѐ функционира вака: никому не му го пренесувате – и од никого не го преземате. Логично, нели? Ова ќе потрае извесно време, но ако се грижиме едни за други, ако помагаме таму каде што можеме и ако се откажеме од одредена удобност… и ова ќе помине! . Го можеме ние тоа. Мора да го сфатиме тоа“, порача оскаровецот.