ВТОРА НАФТЕНА РАФИНЕРИЈА ВО КУВАЈТ ПОГОДЕНА ОД ДРОН Избувнал пожар, нема повредени

Според кувајтската новинска агенција, компанијата навела дека дрон погодил една од оперативните единици во рафинеријата „Мина Абдула“ во јужниот дел на земјата.

27

Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека втора нафтена рафинерија е погодена од дрон по што избувнал пожар.

Според кувајтската новинска агенција, компанијата навела дека дрон погодил една од оперативните единици во рафинеријата „Мина Абдула“ во јужниот дел на земјата.






Преземени се сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигури безбедноста на работниците и да се обезбеди објектот, се додава во соопштението.

Како што беше претходно објавено, пожар избувна и во кувајтската рафинерија „Мина ал-Ахмади“ кога беше погодена од дрон по што компанијата соопшти дека нема повредени лица.

Поврзани содржини