ВТОР ПОЖАР ГИ ИЗГОРЕ СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ Алтернатива реагира за условните пресуди за трагедијата во модуларната во Тетово

Основното прашање што се поставува во овој случај е дали ќе ја имавме истата казна доколку директорот на болницата не би бил брат на постојаниот министер на секоја влада, Фатмир Бесими, прашуваат од партијата.

912

Катастрофална штета, во пожар изгореа 14 пациенти, да се казни со т.н. условни казни е втор пожар за жртвите и нивните семејства, реагира Алтернатива на денешните пресуди за одговорноста за трагедијата во тетовската модуларна болница.

„Основното прашање што се поставува во овој случај е дали ќе ја имавме истата казна доколку директорот на болницата не би бил брат на постојаниот министер на секоја влада, Фатмир Бесими?






Додека следното прашање е каква е улогата на Алијансата за Албанците, која раководи со Министерството за правда? Кој е нејзиниот придонес и која е неговата заслуга кон овие крајно политизирани пресуди“, реагираат од Алтернатива.

Поврзани содржини