ВТОР НОСАЧ НА АВИОНИ КАКО ПРИТИСОК ВРЗ ИРАН Трамп вели дека е подготвен за војна ако нема договор

Американскиот претседател најавува можност за испраќање втор носач на авиони кон Блискиот Исток, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат преговори под закана од воена ескалација.

490

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за веб-страницата „Аксиос“ изјави дека размислува за испраќање на втор носач на авиони со ударна група на Блискиот Исток, како дел од подготовките за потенцијална воена акција доколку преговорите со Иран не успеат.

– Веќе имаме армада таму, а можеби уште една е на пат – рече Трамп, додека еден од американските претставници потврди дека се водат разговори за понатамошно зајакнување на силите во регионот.






Американскиот претседател нагласи дека секој договор со Иран мора да го опфати не само нуклеарното прашање, туку и иранската програма за балистички ракети. Трамп, исто така, за Канал 12 изјави дека очекува втора рунда разговори меѓу САД и Иран да се одржи следната недела.

– Иранците многу сакаат да постигнат договор. Или ќе склучиме договор, или ќе мора да направиме нешто многу остро, како минатиот пат – рече Трамп.

Тој оцени дека последната рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во Оман била „сосема поинаква“ во споредба со разговорите пред конфликтот во јуни, наведувајќи дека Иран сега покажува многу пофлексибилен пристап.

 

Поврзани содржини