ВТОР ДЕН ПО РЕД ЕРУПТИРАШЕ ЕДЕН ОД НАЈАКТИВНИТЕ ВУЛКАНИ ВО СВЕТОТ Ѕидовите на кратерот се нестабилни
Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи исфрли големо количество лава. Ерупцијата се случи во подрачје што е затворено за јавност од 2007 година.
Синоќа еруптираше вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи, втор ден по ред. Тоа е трета ерупција оваа година.
Вулканот исфрли големо количество лава. Ерупцијата се случи во подрачје што е затворено за јавност од 2007 година поради нестабилност на ѕидовите на кратерот и поради одрон на камења.
Во Националниот парк „Хаваи вулкани“, лоцирани се врвовите на двата најактивни вулкани во светот, Килауеа и Мауна Лоа. Килауеа веќе еруптираше во јуни и во септември оваа година.
Од 2020 година вулканот Килауеа еруптираше шестпати.