Втор ден од викенд забраната за движење

352

Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот. Ваквата мерка е воведена во обид да се намали ширењето на коронавирусот, кој до вчера однесе 34 животи и од него заболеа 760 лица.

Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а таа не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи, како и за аптеките кои работат непречено.

Поврзани содржини