Вселенскиот туризам станува реалност: Милијардерот Бренсон денеска лета во вселената
Летот на всленското летало ќе се реализира во 15 часот по средноевропско време и ќе се емитува во живо.
Mилијардерот Ричард Бренсон ќе биде меѓу шестте патниците на пробниот лет во вселената што ќе го изврши неговата компанија „Вирџин галактик“ . Летот ќе се реализира во 15 часот по средноевропско време.
Компанијата изјави дека преносот во живо ќе започне во 7 часот по локално време, што е во 15 часот по средноевропско време, пренесуваат американските медиуми.
Бренсон сака да го оцени искуството за идните клиенти, што се очекува од 2022 година. Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 долари.
Покрај двајцата пилоти и Бренсон во авионот ќе бидат и Даме Мекеј и Мекл Масучи, главниот астронаут на компанијата Бет Мозес, водечкиот инженер за операции Колин Бенет и шефот на истражувањето Вирџин Галактик Сириша Бандла.
Ракетата ќе полета од наменскиот комерцијален космодром „Спејс Порт Америка“, во американската сојузна држава Њу Мексико.Носачот-авион ќе полета од пистата и ќе го лансира леталото „VSH Unity“ на надморска височина од 15 километри, а двајца пилоти ќе ги запалат ракетните мотори што ќе го однесат леталото над 80 километри надморска височина, што САД ја сметаат за граница на вселената.
Леталото потоа ќе се врати на пистата од која ќе замине.
На 20 јули уште еден милијардер Џеф Безос ќе го лансира своето летало во вселената. „Blue Origin“ ќе биде лансиран на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година. Ракетата „Роки Шепард“ е именувана по Алан Шепард, првиот Американец во вселената.