ВРВОТ НА ЛЕВИЦА СЕ СРЕЌАВАЛ ВО „ОПЕРА ХАУС“ КАДЕ ШТО БИЛО СЕДИШТЕТО НА ДЕСНА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ откри дека опозициската партија има и локал над подрумот

Лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на Скопски водовод, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица. Ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Љупчо Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот Опера хаус, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

507

Ја разбираме и нервозата и фрустрацијата на партијата Левица, приврзок на Зоран Заев и групата вљубеници во делото на Енвер Хоџа спрема министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Позади таа фрустрација се крие стравот и знаењето дека Тошковски расчистува со криминалците, и што законот после долги децении важи за сите подеднакво, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко, а за сите други важи, туку и роден брат или сестра да е, ако се огреши треба да одговара. Затоа и Левица и Димче Апасиев се преплашени. А еве дополнителна причина за нивен нов страв. Ја информираме јавноста за т.н. подрум кој Левица го купи во центарот на градот по багателно ниска цена, кој не ќе да е само подрум, туку има и приземје. На тоа место, кое е над земја три-четири метри, е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот. Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе се истражи и ќе се извади тековната состојба, покрај тоа што уплатил 5.000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е подружницата од ова друштво. Лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на Скопски водовод, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица. Дополнително ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Љупчо Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот Опера хаус, а објектот Опера хаус е токму овој објект“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини