ВРТОГЛАВА СУМА Еве колку ќе заработи нашата репрезентација ако се пласира на Европско првенство
Евентуалната победа ќе ја одведе нашата репрезентација во групата „Ц“ каде што противници ќе ни бидат Холандија, Австрија и Украина.
Македонските репрезентативци во четврток со почеток од 18 часот против репрезентацијата на Грузија ќе се обидат да обезбедат пласман на Европското првенство.
Евентуалната победа ќе ја одведе нашата репрезентација во групата „Ц“ каде што противници ќе ни бидат Холандија, Австрија и Украина.
Но, се прашувавте колкава заработка ќе ни донесе победата против Грузија? Цифрата е навистина примамлива. Имено, доколку победиме на натпреварот, УЕФА ќе ни додели премија од 10 милиони евра. И тоа не е сè. За секоја победа што ќе ја извојуваме во групната фаза, УЕФА ќе ни плаќа по 1.500.000 евра, а за нерешен резултат 750.000 евра.
Пласманот во вториот круг гарантира дополнителни 2 милиони евра.