Врската со Џастин Тимберлејк ја уништи, а татко ѝ ја докрајчи: Документарецот откри што ѝ правеле на Бритни

1,837

Сагата за Бритни Спирс трае повеќе од една деценија. Од нејзиниот јавен нервен слом и стрижење ќелаво, до судската одлука дека ѝ е потребен старател и губење на старателството над децата, нејзиниот живот отсекогаш беше под лупа на јавноста, која честопати била сурова кон неа.

Новиот документарец фрла светлина на некои нови моменти од животот на Бритни, како и на нејзината врска со пејачот Џастин Тимберлејк, како и со таткото на нејзините деца, Кевин Федерлајн. Филмот оди во длабочина и ги открива односите на медиумите кон Бритни, омразата како и негативните наративи што ѝ наштетија со текот на годините.






Вистинските проблеми со кои се бори со години ќе излезат на виделина

Она што го привлече вниманието на многу гледачи на документарниот филм беше Џастин Тимберлејк, кој го обвинија дека профитирал од љубовната врска со Бритни и дек пласирал приказна дека причина за нивното раскинување е нејзиното неверство. Она што дополнително ѝ наштети на Бритни и ја наруши нејзината репутација во јавноста е приказната дека таа не била девица кога почнале да се забавуваат. Тие се забавувале четири години и беа златната двојка на Холивуд во раните 2000-ти години.

Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да го повикуваат Џастин да ѝ се извини за начинот на кој се однесувал кон неа и да се извлече од целата приказна како урбан, модерен млад човек, а Бритни беше етикетирана како прељубничка и лоша личност.

Многумина велат дека тогаш започнало полека нејзиното „пукање“, што довело до нервен слом во 2008 година, а подоцна и старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс над неа и на нејзините милиони. Иронично, во документарецот тие двајцата се нарекуваат најголемите негативци во нејзиниот живот.

Сите се согласуваат дека Бритни треба да добие извинување затоа што била манипулирана и третирана како кукла, без емоции и хуманост. Папараците ја бркаа немилосрдно, немаше никаде мир, ја нарекуваа со погрдни имиња, за сè да заврши со нејзиното затворање и движењето „Ослободете ја Бритни“, за кое исто така имаше приказни.

Бројни познати личности изразија поддршка за пејачката. Мајли Сајрус, Сара Џесика Паркер се само некои од славните жени кои се огласија.

 

 

Поврзани содржини