ВРШЕЛЕ ЛИ ОТА И ВЛАСТА ПРИТИСОК ВРЗ МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ? Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика ЈО да реагира
Апелираме до мобилните оператори да не подлегнуваат на притисоците на власта, бидејќи сите членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, имаат утврдено дека ОТА купила опрема без почитување на законската регулатива, и за тоа го известивме и ЈО, рече Петрушевски.
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ги повика власта и ОТА да не молчат во врска со спорната набавка на опрема за масовно прислушкување.
– Власта е на пат да спроведе масовно кршење на правата на 2 милиони граѓани во Република Македонија. Единствена пречка за незаконското масовно прислушкување се мобилните оператори, кај кои што внатре во нивните системи треба да биде инсталирана опремата за прием на комуникациите. Јас би ја искористил оваа трибина да поставам прашање дали ОТА или Димитар Ковачевски лично врши притисок врз мобилните оператори, за користење на опремата која ОТА ја има набавено, а со цел да им се овозможи масовно прислушкување на 2 милиони граѓани во Република Македонија. Апелираме до мобилните оператори да не подлегнуваат на притисоците на власта, бидејќи сите членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, имаат утврдено дека ОТА купила опрема без почитување на законската регулатива, и за тоа го известивме и ЈО – рече Петрушевски.
Петрушевски вели и дека тој како пратеник кој што има сертификат за класифицирани информации со највисок степен државна тајна, кој што е член на собраниска комисија за надзор над работењето на ОТА не може да ја видам таа спецификација затоа што било деловна тајна.