ВРНЕЖЛИВО И МНОГУ ЛАДНО Минусни температури ќе имаме в недела

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени, соопштија од УХМР.

1,307

Денеска нѐ очекува биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, информираат од УХРМ.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 11 во Маврово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени, соопштија од УХМР.

Во недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи -1 до 9, додека максималната од 15 до 21 степен.

Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, се наведува во викенд временската прогноза.

Поврзани содржини