ВРНЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР НА ПОВИДОК Подгответе се за нестабилно време

Променливото време со дожд и засилен јужен ветер може да создаде неповолни услови во одделни региони.

4,800

Метеоролозите за утре нѐ информираат дека променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 во Берово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 10 степени.

В понеделник нѐ очекува променливо облачно кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 8 степени до 13 степени.

Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар.

Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец.

– Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата – велат од УХМР.

Поврзани содржини