Врие полиција на секој ќош, фрчат казни за брзо возење

Од МВР денеска информираат дека се санкционирани 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 12 мотоциклисти, а изречена е и 81 меркa за непрописно паркирање и 37 казни за неносење на заштитна маска.

585

За возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, од вкупно 310 санкции изречени на територијата на Град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во изминатото деноноќие.

Од МВР денеска информираат дека се санкционирани 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 12 мотоциклисти, а изречена е и 81 меркa за непрописно паркирање и 37 казни за неносење на заштитна маска.






„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, посочуваат од МВР.

Поврзани содржини