📷 ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА ВО ЦЕНТАР Зајакнати патроли во пресрет на празниците

Од полицијата за МИА велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.

935

Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.

Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив, што се гледа и од фотографиите што ги направивме.






Од полицијата за МИА велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.

Поврзани содржини