ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ „СКЕНДЕРБЕГ“ Деветти ден протести против францускиот предлог

Според најавата од организаторите на протестот, збирното место е пред Владата во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.

911

Засилено полициско обезбедување може да се забележи на плоштадот пред ТЦ „Мавровка“ за време на вечерашниот протест против францускиот предлог, кој започна во 19 часот.

Според најавата од организаторите на протестот, збирното место е пред Владата во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.






Последен пат кога демонстрантите одеа по оваа рута, се случи тежок инцидент кога колоната со демонстранти беше нападната од група вооружени луѓе она плоштадот „Скендербег“.

Протестите се одржуваат секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Протестот не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Поврзани содржини
na