ВРИЕ ОД НАПУШТЕНИ КУЧИЊА НА ГРОБИШТАТА ВО БУТЕЛ Се размножуваат неконтролирано и ја нарушуваат безбедноста на граѓаните

Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни – велат од Лајка.

111

Јавното претпријатие Лајка алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел.

– Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат. Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни – велат од Лајка.






Од претпријатието апелираат до граѓаните да не напуштаат животни зашто тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази и да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.

Од Лајка најавуваат дека во соработка со инспекциските служби ќе ги засилат контролите и ќе поднесат пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.

 

 

Поврзани содржини