ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА СТРУЖАНИ ЗА МАРИХУАНА – На 19.09.2020 во 1 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.Д.(34) и Ј.Т.(23), двајцата од Струга, бидејќи на магистралниот пат Кичево-Охрид, при извршен преглед на патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, кај Ј.Т. сe пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, а кај Н.Д. е пронајдена и одземена банкнота со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
ТЕТОВЕЦ НАПАДНАТ ВО ПАРК – На 19.09.2020 во 5 часот во Полициска станица Тетово, Ж.С.(22) од Тетово пријавил дека на 18.09.2020 околу 23 часот во парк позади црква „Св.Никола“ во Тетово, додека бил заедно со И.Д. и П.С., двајцата од Тетово, бил физички нападнат со тврд предмет од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАДНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ – На 19.09.2020 во период од 1 до 3 часот, при спроведување на контрола од страна на полициски службеници од СВР Тетово во угостителски објект во близина на автобуската станица во Тетово, сопственост на Џ.К.(59) од Тетово, биле лишени од слобода А.Ј.(43) и Ф.Љ.(51), двајцата од Тетово, поради тоа што А.Ј. физички ги нападнал полициските службеници додека вршеле службени дејства, а Ф.Љ.(51) се однесувал агресивно кон нив. Двајцата се приведени во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЕДЕН РАБОТНИК ОД ХЕЦ Маврово – На 18.09.2020 во 19.30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Медицински центар Гостивар бил донесен П.Т.(51) од Гостивар, кој се здобил со тешка телесна повреда додека бил на работно место во ХЕЦ Маврово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАДНАТА ЖЕНА ВО КАФЕАНА – На 17.09.2020 во 17 часот во СВР Скопје, К.М.(44) од с.Марино, скопско, пријавила дека во 15.45 часот во угостителски објект на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје била физички нападната од А.Ч. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СКОПЈАНКА НАПАДНАТА НА УЛИЦА – На 18.09.2020 во 16.50 часот во СВР Скопје, В.М.(29) од Скопје пријавила дека во 16.15 часот на ул.„Никола Киров Мајски“ била физички нападната од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОМЧЕ НАПАДНАТО КАЈ МКЦ – На 19.09.2020 во 1.10 часот во СВР Скопје, Д.П.(23) од Куманово пријавил дека н полноќ на ул.„Кеј Димитар Влахов“, во близина на МКЦ, бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО ПЕРАЛНИЦА – На 18.09.2020 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пералница во трговски центар на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Х.(65) и А.С.(23), и двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МАЛОЛЕТНИЧКА НАПАДНАТА НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС – На 18.09.2020 во 14.45 часот во СВР Велес, С.И.(38) од Велес пријавила дека околу 14 часот на ул.„Панко Брашнаров“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од Т.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ДЕВОЈКА НАПАДНАТА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – На 18.09.2020 во 50 минути по полноќ во Полициска станица Кавадарци, Е.М.(22) од Кавадарци пријавила дека на 17.09.2020 околу 23 часот во угостителски објект во Кавадарци била физички нападната од З.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАСИЛНИ ДРВОКРАДЦИ ВО КРУШЕВО – На 18.09.2020 во 16 часот во Полициска станица Крушево, Б.Ј.(48) од Крушево, вработен како шумски полицаец, пријавил дека заедно со четворица шумочувари од Шумско стопанство „Липа“ – Крушево, во близина на с.Норово, на место викано „Кутлиње“, ги затекнале Б.Ј.(37) и А.С.(49), двајцата од с.Норово, како бесправно сечат дрва. При вршење на службени дејства од страна на службените лица, Б.Ј. почнал агресивно да се однесува и се обидел насилно да го извлече службениот пиштол на шумскиот полицаец, но бил спречен во намерата. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОПОЖАРЕНИ ТРИ ВОЗИЛА ВО СЕРВИС ВО СТУДЕНИЧАНИ – На 19.09.2020 околу 3.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автосервис на ул.„Јустинијан Први“ во с.Студеничани, скопско, сопственост на Д.И.(40), настанал пожар во патничко возило „ауди А8“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(54) од с.Студеничани, скопско, патничко возило џип „чироки“, со непознати регистарски ознаки и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид ќе се врши.
КАВАДАРЧАНЕЦ НАПАДНАТ ВО ПАРК – На 19.09.2020 во 7.45 часот во Полициска станица Кавадарци, Б.Г.(26) од Кавадарци пријавил дека околу 3 часот во Градски парк во Кавадарци бил физички нападнат од Б.И., заедно со уште четири непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.