Врие крвта и од жегата и од короната – играат пиштоли, ножеви, тупаници…

1,212

УБИСТВО ВО ОБИД ВО ТЕТОВО – На 22 јули во 11.45 часот во тетовското село Лавце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(31) од ова село, поради сомнение дека на 1 јули околу 18 часот на улица.Љуботенска во Тетово извршил кривично дело „убиство во обид“, пукајќи со огнено оружје и ранувајќи го тетовецот Ш.М.(40).

ДВЕ ГРАНАТИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ИСКОПАНИ ВО ДВОР На 22 јули во 19.00 часот во Полициската станица Кичево, И.Б.(43) од Кичево пријавил дека, додека изведувал градежни работи во неговата куќа во селото Горно Раштани, пронашол две неексплодирани гранати. При увид, извршен од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било утврдено дека станува збор за рачни гранати од италијанско потекло од Втората светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.






ОД УЛАРЦИ СПРОВЕДЕН ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН На 22 јули полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани, врз основа на решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, го спровеле З.Н.(45) од неговиот дом во селото Уларци, во објект во Скопје, определен од Владата, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови. ОВР Кочани поднесе и кривична пријава против З.Н., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

ТЕПАЧКА ПРЕД КАФЕАНА ВО КРИВОЛАК На 22 јули во 19.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во селото Криволак, неготинско, повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Полициски службеници од Полициска станица Неготино излегле на местото на настанот и констатирале дека по претходна расправија во угостителски објект во сКриволак, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица надвор од објектот.

ВОЗИЛОТО МУ ЕКСПЛОДИРАЛО ДОДЕКА ВОЗЕЛ На 22 јули во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од Копаница кон Рашче, Д.М.(27) од Скопје, додека управувал патничко возило „цитроен Ц1“, со скопски регистарски ознаки, слушнал експлозија и видел оган во предниот дел од возилото, по што излегол, а возилото било целосно опожарено. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

ТЕПАЧКА И ПРЕД ФОНТАНАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК На 23 јули во 02.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на фонтана во Градски парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу А.А.(32), Е.Ј.Л.(19), К.А.(20), од една страна, и И.С.(36) и Љ.С.(36), од друга страна, сите од Скопје.

ФИЗИЧКИ СЕ ПРЕСМЕТАЛЕ ПРЕД ОБЛОЖУВАЛНИЦА На 22 јули во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница на улицата Христо Татарчев, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(51), К.У.(20), Д.С.(50) и С.Д.П.(23), сите од Скопје.

ПОТПИШАЛ ИЗЈАВА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА, А ДЕЛЕЛ СВИДЕТЕЛСТВА ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.П.(46), од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој, во својство на класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците им доделил свидетелства, иако имал потпишано изјава за задолжителна самоизолација.

УКРАЛ НЕЗАКЛУЧЕН МОТИЦИКЛ СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(16) од село Добарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во периодот од 04 јуни до 07 јуни, пријавениот, движејќи се пеш по улицата Јане Сандански, го забележал мотоциклот, сопственост на К.П.(62) од Тетово, кој бил оставен незаклучен во влезот на зградата и го одзел.

ПРЕТЕПАН КРИВОПАЛАНЧАНЕЦ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против Г.С.(44) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 15 јули во Крива Паланка, на стариот пат мотел „Македонија“ – манастирски комплекс „Св.Јоаким Осоговски“, пријавениот физички го нападнал Р.Н. од Крива Паланка, кој се здобил со тешка телесна повреда.

ПИШТОЛ И НОЖ ИГРАЛЕ КАЈ ТЕТОВСКО БАЊИЧЕ СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(22), Л.М.(21), Е.Р.(25), Б.А.(20) и Е.И.(21), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11 мај, на патот за место викано Бањиче, во близина на хидоцентралата во Тетово, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Е.Р., Б.А. и Е.И., од една страна и Б.А. и Л.М., од друга страна. Притоа, Б.А. извадил пиштол, додека Л.М. со нож се обидел да го повреди Е.Р.

СО НОЖ ИСТЕРАЛ ПРАВДА ПРЕД ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(38) од с.Пештани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 29 јуни  во кругот на ЈЗУ„Општа болница“ – Охрид настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и З.С. од Охрид, при што С.Р. со нож му нанел повреди на З.С.

(Дел од Билтенот на МВР од 23.07.2020)

 

Поврзани содржини