УАПСЕН Е ВРХОВНИОТ СУДИЈА НАКЕ ГЕОРГИЕВ Фатен бил со 10.000 евра

Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.

2,092

Уапсениот судија од Врховниот суд кој беше фатен со мито од 10.000 евра е Наке Георгиев, а постои сомнеж дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана. Полициски извори за Телма потврдиле дека тој е пренесен во полииската станица во Кисела Вода.

Веста ја пренесоа повеќе медиуми.






За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.

На седницата на Судскиот совет, откако синот беше избран за судија кривичар во Скопје, Наке Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет.

Синот беше еден од 25-темина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава

Поврзани содржини