ВРХОВЕН ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА БОКИ И НА ЈАНЕВА Судот им ги потврди затворските казни за „Рекет“

Врховниот суд одлучи да ги одбие барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева.

120

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот Рекет“ во кој Катица Јанева и Бојан Јовановски се осудени на 7, односно на 9 години казна затвор.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името ‘Рекет’, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, соопшти судот.

Поврзани содржини