Вргањ тежок над еден килограм пронајден во Делчевско
Печурката ја пронајдов во атарот на село Бигла, маало Павлевци. Прво мислев дека е нешто друго, но кога се приближив испадна голема печурка. Капата на печурката беше со поголем обем, така што ми требаше поголем напор да ја извадам за да не биде оштетена. Печурката потоа ја оставив за сушење, за да биде продадена по поголема цена - вели Ѓорѓиевски.
Во делчевскиот регион пронајдена печурка со тежина од над еден килограм и периметар од близу половина метар, што ја прави една од поголемите пронајдени на ова подрачје годинава. Младиот Бојан Ѓорѓиевски е среќникот кој печурката од сортата ,,вргањ”, ја пронашол во атарот на делчевското село Бигла и ова му е првпат да пронајде толку голема печурка.