Времињата се менуваат на подобро за жените

Сите сме растени во истата мачо култура, која, пак, сакале или не, се менува. Она што беше нонсенс и беше папучар пред 20 години сега се гледа како грижлив сопруг, што е одлично.

880

Накратко, дали жените се рамноправни, одговорот е – не. Надолго, пак е – не.

А кој е виновен? Па сите сме. Дел е виновен нашиот менталитет и традиционалните вредности кои некои ги сфаќаат здраво за готово, а жената се гледа како суштество за расплод, машина за перење и миење садови, готвачка на која местото ѝ е во кујна без право на глас.






Сакале ние или не, овие вредности се во изумирање поради начинот на живот кој веќе не дозволува мажот да работи, а жената да седи дома и да готви и да гледа деца. За некој е добро ова, за некој е лошо.

Виновни се семејствата кои одгледуваат такви машини за расплод, кои од мали ги учат ќерките дека се помалку од синовите (уште некаде не добиваат наследство поради тоа што се женски).

Посебно тажно е што тоа често се случува од мајки кои цел живот се заробени во кујна, слуги, да ги учат ќерките да се како нив, да трпат сѐ, па и семејно насилство.

Виновен е менталитетот кој на секоја успешна жена гледа како некоја која стигнала на колена до нејзиниот успех. Ретко која жена од средината е гледана и вреднувана според нејзините квалитети. Ако има добра кола се ебе за пари, ако е на високо место се изебала до тоа место. Нормално ова ќе го кажат оние кои чекаат икс во два пред продавница со пиво.

Сите сме растени во истата мачо култура, која, пак, сакале или не, се менува. Она што беше нонсенс и беше папучар пред 20 години сега се гледа како грижлив сопруг, што е одлично. Бракот, партнерството е заедница. Некогаш мажот дава 90% кога жената не може, некогаш жената го води тој сојуз на рамноправни единки.

За жал, сите закони со кои се ставаат квоти на колку жени треба да има во собрание и целата таа позитивна дискриминација нема да го сменат нашиот менталитет. За тоа треба време, а времињата за среќа се менуваат на подобро за жените, а со тоа и за сите.

На крај, виновни се и самите жени. Еднаквоста значи и право на избор. Денес ќе има многу плукање по оние кои ќе одат по кафани, добиваат подароци и слично. Зошто? Еднаквоста значи дека жената може да одбере кариера, да има фер борба со мажите за истата позиција и работа, но исто така значи дека ако сака (по нејзина желба, не по желба на мажот) да биде домаќинка, да седи дома и да гледа деца, да оди на Осми март во кафана. Како што за некои е амбиција да изградат кариера, за некои е амбиција да се домаќинки и сѐ тоа е во ред, доколку е личен избор на жената.

За жал уште е точно она што го рекол Ленон: „Жената е црнецот на светот, роб на робот“. Но времињата се менуваат. Среќен Осми март.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини