Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне нестабилно со пороен дожд
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Oколу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.