Времето на смртта на велешанката се утврдува и во МВР и Обвинителството

Освен од Судска медицина,  требаат и други наоди од МВР и обвинитеслтвото , па ќе се знае точното време на смртта. Бидејќи многу фактори влијаат на тоа - степенот на распаѓање, температурата и други. На времето на смртта ќе ни укаже одговорот  на ова прашање - рече министерот Филипче.

539

Кога настапила смртта кај 89-годишната велешанка, која заедно со нејзиниот син беа пронајдени починати во нивниот стан  во Велес, ќе се знае најверојатно кон крајот на оваа недела. Првичните резултати беа дека кај оваа жена е утврден и позитивен тест на ковид-19, од материјалот земен од душникот – дека била откриена нуклеинска киселина од вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека по обдукцијата на оваа жена, дополнителните материјали се испитуваат во уште две институции за добивање екстра податоци.






– Иницијално, идејата за таква анализа следуваше по позитивниот брис на починатата од Велес. Материјалите се уште во текот на неделава ќе се анализираат, а освен од Судска медицина,  требаат и други наоди од МВР и обвинитеслтвото , па ќе се знае точното време на смртта. Бидејќи многу фактори влијаат на тоа – степенот на распаѓање, температурата и други. На времето на смртта ќе ни укаже одговорот  на ова прашање – рече министерот Филипче.

Во врска со тоа зошто се врши обдукција во случајот со починатата велешанка, Филипче рече дека тоа е  направено бидејќи се непознати причините за смртта.

– Затоа и земен и брис за детекција на корона вирусот и добро е што е земен – додаде министерот.

 

Поврзани содржини