ВРЕМЕТО ЛЕТА ЗА ЗАЕВ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги брои часовите до оставката на премиерот

Заев не е премиер, и колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

588

Државата нема премиер, сè додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот ѝ го зема легитимитетот на владата на СДСМ-ДУИ, Заев е детронизиран. Имаме ново мнозинство со Алијанса, Алтернатива, БЕСА и со Левица за пад на Заев. Доколку Заев денеска до 14:30 часот не си поднесе оставка до Собранието, пратениците од овој блок ќе поднесат интерпелација за Владата. Заев не е премиер, и колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата. Губитникот Заев мора да си замине, за на Македонија да ѝ тргне. Македонија не смее повеќе да губи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини