ВРЕМЕТО ИСТЕЧЕ ЗА БОСНА Тензиите ќе се решаваат преку промени во изборниот закон

ХДЗ БиХ силно инсистира на модел кој ќе обезбеди Хрватите како членови на Претседателството на БиХ и членовите на Домот на народите на Федерацијата БиХ да бидат избрани од хрватските гласачи, но СДА и опозициските партии со седиште во Сараево ги отфрлаат сите предлози со кои би се воспоставиле две нови етнички дефинирани изборни единици.

394

„Останува многу малку време за да се постигне договор. Исклучително е важно изборите да се одржат наесен, а промените во изборниот систем мора да се спроведат шест месеци пред изборниот процес“.

Ваја изјави американскиот специјален пратеник Метју Палмер за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Палмер и неговата колешка од ЕУ, Анџелина Ајхорст, се надеваат дека тензиите кои се случуваат во земјата би можеле да се решат преку промени во изборниот закон со кои ќе се одреди дали луѓето од различна националност ќе можаат да ги бираат сите, или само своите претставници во Парламентот, Претседателството и другите институции на БиХ.






– Ние сè уште не го постигнавме тој договор и тука сме да ги поддржиме разговорите што ќе доведат до измени на изборниот закон и устав и да ги отстраниме дискриминаторските одредници и да ги подобриме техничките решенија и да спречиме изборна измама – рече Ајхорст.

ХДЗ БиХ силно инсистира на модел кој ќе обезбеди Хрватите како членови на Претседателството на БиХ и членовите на Домот на народите на Федерацијата БиХ да бидат избрани од хрватските гласачи, но СДА и опозициските партии со седиште во Сараево ги отфрлаат сите предлози со кои би се воспоставиле две нови етнички дефинирани изборни единици.

– Целта е да се обезбеди легитимна застапеност на конститутивните народи, но и да се спроведат ограничени измени на уставот и да се обезбеди интегритет на изборниот процес – рече Драган Човиќ од ХДЗ БиХ по првата средба со Изетбеговиќ од СДА.

Целта на преговорите е да се обезбеди спроведување на пет пресуди на Европскиот суд за човекови права со кои е утврдена дискриминација на граѓаните на БиХ во изборниот процес врз основа на нивната етничка припадност или место на живеење, како и пресудата на Уставниот суд на БиХ во Случајот „Љубиќ“ со која во 2016 година е утврдена обврската за почитување на начелата на конститутивноста, односно легитимното претставување на народот во телата на власт.

Општите избори во БиХ се закажани за октомври, а Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги распише најдоцна на почетокот на мај. Дотогаш, во парламентот на БиХ треба да бидат усвоени сите измени на изборниот закон и устав, за кои може да се договорат на политичко ниво.

Поврзани содржини