ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

95

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






Температурите ќе бидат во интервал од -3 до 20 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Поврзани содржини