ВРЕМЕТО ЌЕ НÈ СЛУЖИ ДО ВТОРНИК Почнува топлиот викенд со температури над 30 степени
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Денеска времето ќе биде топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
За време на викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.