ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ КАЈ КОМПЛЕКСОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“  Сообраќајот пренасочен поради градежни активности

Се работи за градежни активности кои ќе се спроведуваат на административно-деловниот објект кој инвеститорот МГ Фешн го гради во рамки на комплексот „Гранд Скопје".

322

Денеска и утре по 18 часот има времена измена на режимот на сообраќај во реонот на улиците Васил Аџиларски, кај реката Вардар, булеварот Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев, поради изведување на градежни активности, информираа од МГ Фешн.

Градежните работи се преземаат по претходно утврден сообраќаен проект.






Се работи за градежни активности кои ќе се спроведуваат на административно-деловниот објект кој инвеститорот МГ Фешн го гради во рамки на комплексот „Гранд Скопје”.

Известувањето за промената на сообраќајниот режим е доставено до Единицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи.

Инаку, објектот кој се гради на оваа премиум локација е идеално поврзан со околината, поседува современа внатрешна организираност и во него се применети највисоките стандарди за квалитет – стои во известувањето од инвеститорот МГ Фешн.

Поврзани содржини