ВРЕМЕН СООБРАЌАЈ НА ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Се асфалтира улицата Тодор Александров
Ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) до Турската амбасада.
Од ЈП „Улици и патишта” соопштија дека поради асфалтирање на улицата Тодор Александров и изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) до Турската амбасада, а во четврток на потегот од Турската амбасада до кривната кај Министерство за внатрешни работи.
Можеби ќе ве интересира
– Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата, истакна аод ЈП „Улици и патишта”.