ВРЕМЕ Е ЗА ОМИЛЕНИОТ МАРМАЛАД Јадете свежи сливи и зачувајте ги за зимоска во сите варијанти
Сливите во овој период од годината е штета да се пропуштат. Јадете ги свежи, исушете за зимоска и секако, направете мармалад. Имаме одличен рецепт за мармалад од сливи со црно чоколадо и рум
Еден од омилените мармалади на многумина, покрај оној од кајсии, е и мармаладот од сливи. Сега е таман период за сливи, ги има во изобилие, и тоа по ниски цени. Може да се најдат дури и по цена од 20 денари кога ги купувате на гајба, а дел од нив можете да исушите за зимоска, а дел и да си ги јадете свежи.
Сливите се нискокалорично овошје и имаат богати нутритивни својства: витамин Ц, витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и особено голема количина калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи. Постојат повеќе сорти на сливи, а процентот на антиоксиданти во нив варира во зависност од сортата и местото каде што се одгледуваат.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.