ВРЕМЕ Е ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО Муцунски откри дека постојат два правци по кои ќе се движи ВМРО-ДПМНЕ

Реалната слика говори дека е потребно ново парламентарно мнозинство или организирање на нови предвремени парламентарни избори, посочи новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

4,621

По резултатот којшто се случи по завршувањето на првиот изборен круг, имавме еден израз на волјата на граѓаните кои јасно се определија кон опозицијата и доблесно е кога ќе се изгуби со таква силна порака од народот да се признае поразот и да се продолжи со политика базирана на конкурентни кадри, наместо битка со водење на црна и негативна кампања, истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија ,,Анализа 24“.

Реалната слика говори дека е потребно ново парламентарно мнозинство или организирање на нови предвремени парламентарни избори, посочи Муцунски.






Тој додаде дека граѓаните ги препознаваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ по тоа што e сработено, а тоа е економија, правосудство, реформи на медиумски сектор, образование, здравство, директни и странски инвестиции. Во изминативе 4 години имало максимално разочарување на граѓаните со кадри коишто ништо не испорачуваат и со низа скандали.

– Постојат два правци во коишто би се движеле по да дената јасна одлука на граѓаните во првиот изборен круг, а тоа е или ново парламентарно мнозинство или нови парламентарни избори – рече Муцунски.

Тој истакна дека во актуелниот состав постојат многу одговорни пратеници коишто си ја сакаат Република Македонија и би се одважиле за да станат дел од едно ново мнозинство кое ќе биде базирано на нови решенија со план и визија за Македонија.

– Граѓаните препознаваат прогресивност во кандидатите кои што се од опозицијата, не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од останатите кандидати коишто се опозиционо настроени – заклучи Муцунски.

Поврзани содржини