ВРЕМЕ Е ЗА НОВ МЕХАНИЗАМ На Ковачевски му се бендиса укинувањето на балансерот
Балансерот е решение коешто произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени. Но, потоа тој беше злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Добро е што беше отстранет балансерот“, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во поткастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на балансерот како алатка.
– Балансерот е решение коешто произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени. Но, потоа тој беше злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат – рече Ковачевски.
Актуелниот пратеник конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.
– Ова е одлука на Уставниот суд и не се коментира. Решението е готово. Добро е што беше отстранет балансерот бидејќи ќе треба ново решение – рече Ковачевски.