„ВРЕМЕ Е КАРПОШ ДА ДОБИЕ НОВА ЕНЕРГИЈА“ Мицкоски вели дека Лукроски знае да ги слушне граѓаните
Тој е професионален, одличен менаџер со успешна кариера во приватниот сектор и има капацитет и што е најважно визија што сака да направи, програма и план како да работи и што да работи. Знае од кај да почне, знае што недостасува и што сака да направи да биде подобро за сите граѓани, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на промоцијата на Сотир Лукровски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.
„Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам за каков човек се работи. Сотир има програма што не е само хартија со ветувања. Тоа е мапа за вистински промени – чисти улици, зелени маала, модерни училишта, нови простори за спорт и култура. Секој жител ќе го почувствува градоначалникот во своето маало, во секој разговор и секое дело. Она што најмногу го издвојува е неговата способност да обединува – да порзува луѓе, да ги слушне нивните идеи и да создава широк тим што ќе работи за Карпош. Тоа е модерно лидерство, тоа е дух на новата генерација“.
Вака порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на промоцијата на Лукроски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.
Затоа, истакна тој, победата овде нема да биде само изборен резултат, туку јасна порака дека Скопје може да се прероди, дека духот на Карпош, духот на слобода и независна мисла, повторно ќе заживее. Карпош ќе ја има мојата поддршка, и заедно Владата и општината, додаде ќе направат многу работи заедно.
– Денес гледам најголема критика за нашиот кандидат е дека ми бил другар. Замислете, мислеле таму што да нападнат затоа што не можат да кажат ништо друго, се работи за квалитетен човек и успешен човек надвор од политиката, нешто за кое еден од неговите против кандидати кој бара сламки за спас, не може да се пофали затоа што тој човек сè што има е благодарение на политиката, интригите, недоличното однесување полно со гнев, фрустрација, со кавгаџиството, и никако не можел да смисли нешто што е критика за Сотир освен дека ми е другар. Јас со гордост можам да кажам дека ми е другар. Од детство. И токму затоа можам и да тврдам дека го познавам добро и дека знам дека никогаш нема да ги изневери карпошани. Тој е професионален, одличен менаџер со успешна кариера во приватниот сектор и има капацитет и што е најважно визија што сака да направи, програма и план како да работи и што да работи. Знае од кај да почне, знае што недостасува и што сака да направи да биде подобро за сите граѓани. И да, тој ми е другар, како што ми се другари и Орце за Скопје, Аце, Боби, Даре, и многу во партијата кои освен соработници ми се и другари, тим со кој работам и ќе работам посветено и заеднички на развој на државата и општините – рече Мицкоски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукоски во обраќањето на промоцијата истакна дека кога се зборува за Карпош, се зборува за заеднички дом.
– Сите ние имаме еднакви емоции кога зборуваме за Карпош. Низ овие улици беа нашите први излегувања, нашите први симпатии, првите другарувања, расправии… тука во Карпош се градеше нашиот карактер. Но, мора да биде искрени дека многу малку остана од тој Карпош во кој ние пораснавме – истакна Лукровски.
Лукровски додаде дека во Карпош има сериозни проблеми, а како најголем ја наведе нехигиената.