ВРЕМЕ Е ЕВРОПА ДА РАЗМИСЛИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНА Третина од 450 милиони Европејци не се вакцинирани

Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителна вакцинација во рамките на Европската Унија? За ова треба да се разговара, рече првата жена на Европа, Урсула фон дер Лајен.

271

Време е ЕУ „да размисли за задолжителна вакцинација“ против ковид-19, изјави денеска шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека за таа мерка ќе одлучат владите на земјите-членки, пренесува Блиц. Новозаразените во Европа растат, а скоро третина од 450 милиони жители на Унијата не се вакцинирани.

– Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителна вакцинација во рамките на Европската Унија? За ова треба да се разговара. Ова бара заеднички пристап. Но, мислам дека тоа е дискусија што ќе треба да ја водиме – рече таа.






Според првата жена на Европа, целосната вакцинација и засилувачите им ја даваат на граѓаните најсилната заштита досега од коронавирусот во ситуација кога се во двојна опасност, четврт бран на пандемијата и појава на новиот омикрон-сој.

Претседателката на ЕК најави дека ЕУ до крајот на март ќе добие дополнителни 360 милиони дози вакцини од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, што, според неа, е доволно за бустер доза на сите вакцинирани Европејци.

Истовремено, во договор со двете компании, се работи на забрзана испорака на вакцини за деца, кои треба да бидат достапни во ЕУ од 13 декември.

Во случај постоечките вакцини да не штитат доволно кога станува збор за новиот омикрон-сој, Урсула фон дер Лајен наведува дека на научниците ќе им требаат околу 100 дена за да ги приспособат вакцините на новата мутација.

Поврзани содржини