ВРЕМЕ Е ДА ГИ РАЗГЛЕДАМЕ ЗАГРИЖУВАЧКИТЕ СОМНЕЖИ Пренџов побара итна седница на Комисијата за надзор над Агенцијата за национална безбедност

Пренџов порача дела граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за тоа никогаш да не се повтори.

150

Како членови на Комисијата за надзор над АНБ и АР, јавно упатуваме повик до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Скендер Реџепи од Европскиот фронт ДУИ, да закаже итна седница на комисијата, вели Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

– Целта е, на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани. Овие случувања веќе предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност. Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата – рече тој.






Пренџов порача дела граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за тоа никогаш да не се повтори.

– Остануваме доследни во посветеноста кон вистината, владеењето на правото и заштитата на интересите на сите граѓани – посочи Пренџов.

Поврзани содржини